Карлајл стигна до 1.000-та победа
- Тренерот на Индијана Рик Карлајл стигна до 1.000-та победа во кариерата
Шарлот, 9.јануари 2026 (МИА) – Тренерот на Индијана Рик Карлајл стигна до 1.000-та победа во кариерата. Синоќа Индијана го совлада Шарлот со 114:112. Карлајл е 11.тиот тренер во НБА лигата што успеал да стигне до 1.000 победи.
На таа листа се наоѓаат: Грег Попович, Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Џери Слоун, Пет Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лери Браун, Рик Аделман и Док Риверс.
Карлајл во својата кариера бил тренер на НБА екипите: Детроит, Индијана, Далас и повторно Индијана. Како тренер на Далас има освоено шампионски прстен во 2011 година, а како играч во дресот на Бостон во 1986 година. мн/
Фото: ЕПА