Кари собори рекорд во НБА лигата
- Кошаркарите на Голден Стејт го совлада Орландо со 121:115 предводени Стивен Кари, кој постигна 56 поени.

Њујорк, 28 февруари 2025 (МИА) – Кошаркарите на Голден Стејт го совлада Орландо со 121:115 предводени Стивен Кари, кој постигна 56 поени.
Кари го заврши натпреварот со 12 тројки од 19 обиди што беше негов 26 натпревар со најмалку 10 постигнати тројки, поставувајќи рекорд во лигата. Тој шутираше 16/25 од поле и ги постигна сите 12 поени од линијата за слободни фрлања.
Кари на крајот од првото полувреме погоди тројка од половина терен, а во третата четвртина постигна 22 поени, еден повеќе од целиот тим на Орландо. Неговиот максимален ефект кариерата е 62 поени на натпревар против Портланд на 3 јануари 2021 година.
Кари сега го надмина легендарниот Патрик Јуинг на 26. место на вечната листа на стрелци во лигата со вкупно 24.867 поени. ег
ФОТО: НБА/Фејсбук