• сабота, 06 јули 2024

Кардиналот Зупи во Москва ќе се сретне со рускиот патријарх Кирил

Кардиналот Зупи во Москва ќе се сретне со рускиот патријарх Кирил

Москва, 29 јуни 2023 (МИА) – Италијанскиот кардинал Матео Зупи денеска ќе се сретне со рускиот патријарх Кирил во рамките на неговата дводневна посета на Москва.

Кардиналот Зупи, кој е задолжен од папата Франциск, ја предводи мировната мисија во Русија, во обид да помогне да се стави крај на војната во Украина.

Тој вчера разговараше со советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин за хуманитарни прашања. Средбата се одржа на барање на Путин.

Според руските медиуми, кардиналот Зупи ќе учествува на денешната свечена богослужба за денот на светите апостоли Петар и Павле во катедралата Свети Василиј Блажен во Москва.

Кремљ ги цени напорите на Ватикан да помогне во решавањето на кризата во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Ватикан пред посетата на кардиналот Зупи на Москва сооптшти дека „целта на иницијативата е да се поттикне чувството за хуманост што може да придонесе за решавање на актуелната трагична ситуација и да се изнајдат начини за постигнување праведен мир“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан