• петок, 22 ноември 2024

Караџовски: Круцијална е следната недела

Караџовски: Круцијална е следната недела
Скопје, 26 март 2021 (МИА) - Круцијална е следната недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, изјави вечерва претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5. - Сеуште не сме го достигнале максимумот. Секој респираторен вирус ја има својата активност шест до осум недели. Во моментот сме крај на шестата недела. Круцијална е седмата недела во делот на заболени, хоспитализирани, умрени и болнички кревети, рече Караџовски. Засега, како што истакна, проценките на Комисијата за заразни болести се дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки бидејќи со нив ништо не би се постигнало. Пример се соседните држави што воведоа карантин, но бројот на заболени не се намали. бак/нд/      

Остани поврзан