• недела, 22 декември 2024

Караванот „Млади локално заедно“ во Крива Паланка, Ранковце и Кратово 

Караванот „Млади локално заедно“ во Крива Паланка, Ранковце и Кратово 
Скопје, 25 јули 2021  Караванот „Млади локално заедно“ денешното попладне го помина со младите од Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Уште еднаш пред младите и од овие локални клубови СДММ ги презентираше своите планови и замисли за периодот кој следува. Средбата беше искористена и за разговор меѓу младите и размена на размислувањата. Претседателот Марко Михаилоски ги поздрави присутните и им порача дека секој еден млад човек го има правото да се одважи и да го искаже своето мислење, да ги сподели своите идеи и со тоа да даде директен допринос во составувањето на кампањата за локалните избори 2021. Законот за младинско учество е одлична шанса за поголема вклученост на младите во локалните самоуправи; субвенционирањето на студентскиот оброк со по 2400 денари месечна исплата на секој редовен студент за храна и скоро 100% покачување на студентските стипендии се мерки за кои ние како СДММ се изборивме.  Затоа сега е винстинското време да продолжиме со иницијативите и посветената работа. Сега, кога безрезервно ја имаме поддршката од СДСМ треба да го дадеме својот максимум и да го оствариме планот за подобро општество, продолжи Михаилоски. СДСМ е најголемата државотворна партија која постојано се менува. Со последните промени на својот Статут обезбеди 33% учество на млади луѓе во своите структури, а за претстојните локални избори ќе настапи со кандидати кои ќе произлезат од редовите на СДММ. Партијата секојдневно се залага и работи на подобрување на условите за живот на младите во Северна Македонија. СДСМ _________________________________________________________________________________________   МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан