• сабота, 21 декември 2024

Кантона во одбрана на Фергусон

Кантона во одбрана на Фергусон


Манчестер, 16 октомври 2024 (МИА) – Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Французинот Ерик Кантона ги критикуваше новите сопственици на клубот поради прекинувањето на соработката со поранешниот тренер и менаџер Алекс Фергусон, кој е икона на клубот од „Олд Трафорд“, објави денеска францускиот спортски весник Л’Екип.
Фергусон (82) вчера беше разрешен од функцијата „глобален амбасадор“ и клупски директор, која ја извршуваше од 2013 година.
„Сер Алекс Фергусон треба да прави што сака во клубот до крајот на својот живот. Оваа одлука е крајно непочитување и апсолутно скандалозна“, изјави Кантона и додаде дека секогаш ќе го смета Фергусон за главен шеф.
„Новите сопственици на Јунајтед покажаа дека не го разбираат и не го почитуваат фудбалот и се надевам дека поради ова ќе бидат фрлени во голема вреќа измет“, изјави Кантона. Тој и Фергусон соработуваа од 1992 до 1997 година.
Причината за отказот на Фергусон се парите. Медиумите објавија дека неговата плата е повеќе од два милиони фунти годишно, а косопственикот на Манчестер Јунајтед, компанијата Инеос го раскина договорот со легендарниот тренер за да ги намали трошоците.
Со Манчестер Јунајтед, чиј тренер беше од 1986 до 2013 година, Фергусон дури 13 титули во Премиер лигата, двапати Лигата на шампионите (1999 и 2008 година), ФА Купот пет пати и Светското клупско првенство во 2008 година.
Хемиската компанија Инеос, во сопственост на милијардерот Џим Ретклиф, стана малцински сопственик на Манчестер Јунајтед во февруари оваа година. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан