• недела, 22 декември 2024

Канте: Враќањето на Погба во француската репрезентација би било добро за него и за тимот

Канте: Враќањето на Погба во француската репрезентација би било добро за него и за тимот

Париз, 14 ноември 2024 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Франција, Н'Голо Канте, истакна дека би му било драго да го види Пол Погба да се врати во националниот тим.

-Тоа би било добро за Погба, добро за францускиот тим. Денеска одлучува тренерот, има нова генерација. Ако може да се врати во тимот, тоа би било одлично, но селекторот ќе одлучи, изјави Канте за „RMC Sport“.

На 29 февруари 2024 година, Погба беше дисквалификуван на четири години поради кршење на анти-допинг правилата - зголемено ниво на тестостерон. Во октомври дисквалификацијата беше намалена на 18 месеци. Тој ќе може да се врати на терените во март 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан