Кандидатот за градоначалник на Пехчево, Златко Николовски најави уредување на Спиковскиот водопад
- Според Николовски, во рамките на проектот ќе бидат изградени пешачка патека со должина од 750 метри, седум пешачки моста и седум видиковци, како и платформа пред самиот водопад. Дополнително, долж патеката ќе биде поставена урбана опрема за посетителите.
Пехчево, 8 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Пехчево од редовите на СДСМ и коалицијата, Златко Николовски, најави проект за уредување на Спиковскиот водопад, со цел развој на туризмот и подобра промоција на природните убавини во регионот.
Според Николовски, во рамките на проектот ќе бидат изградени пешачка патека со должина од 750 метри, седум пешачки моста и седум видиковци, како и платформа пред самиот водопад. Дополнително, долж патеката ќе биде поставена урбана опрема за посетителите.
-Целта е Спиковскиот водопад да стане туристичка атракција со која сите ќе се гордееме. Верувам дека овој проект ќе придонесе за зголемување на туристичкиот потенцијал на Пехчево и за нови можности за локалната економија, изјави Николовски.
Планираниот период за реализација е од 2025 до 2027 година, а буџетот за проектот изнесува седум милиони денари.
Николовски во својата програма најавува дека туризмот ќе биде еден од клучните приоритети во неговото идно работење како градоначалник.вс/ар
Фото: Златко Николовски, кандидат за градоначалник на Пехчево