• недела, 22 декември 2024

Кандидатот за бугарски претседател Лозан Панов во посета на Скопје

Кандидатот за бугарски претседател Лозан Панов во посета на Скопје
Софија, 10 ноември 2021 (МИА) - Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов денеска ќе го посети Скопје, каде според најавите ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“. Предвидено е Панов да биде примен и од специјалниот владин претставник за Бугарија и поранешен премиер Владо Бучковски. Панов пред посетата на Скопје, во изјава за дописникот на МИА од Софија рече дека „им подава рака на соседите“, оценувајќи дека оние кои односите меѓу Бугарија и Северна Македонија ги доведоа во ќорсокак, сега го користат тоа во предизборната кампања. Тој истакна дека е подготвен да го преземе ризикот од својата постапка, бидејќи во моментов „европската иднина на регионот е тест за интегритетот на секој политичар, без разлика на која страна од границата се наоѓа“. Панов е дециден дека „нашиот заеднички пат е Европа и за тоа прашање не треба да има ниту дали, ниту но“, додавајќи дека говорот на омраза е сериозен проблем во бугарско-македонските односи. Според Панов, проблемот е што додека Бугарија и Република Северна Македонија се расправаат за својата историја, трета страна им ја одзема можноста да градат заедничка иднина и во случајов важи изреката „двајца се картаат, третиот користи“. Инаку, дописникот на МИА од Софија им предложи и на тимовите на двајцата кандидати, кои според анкетите се фаворити за победа на претседателските избори во Бугарија, Румен Радев и Анастас Герџиков да дадат изјава за нивната визија за односите меѓу Скопје и Софија, но тие ја одбија поканата. нк/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан