• сабота, 21 декември 2024

Претседателските кандидати начелно согласни за мастер дебата на неутрален терен

Претседателските кандидати начелно согласни за мастер дебата на неутрален терен

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Изборните штабови на претседателските кандидати во земјава постигнале начелен договор за одржување на мастер дебата на неутрален терен, со неутрални модератори, која ја предложи актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски, кој ќе трка за уште еден мандат на претстојните избори. 

Од Изборниот штаб на претседателскиот кандидат Пендаровски денеска на брифинг со новинарите информираа дека сите штабови дале начелна согласност за идејата, но сè уште се усогласуваат некои технички детали. Исто така, потврдено е дека нема да има исклучување на кандидати од дебатата, без оглед на барањата од некои кандидати за изземање на своите ривали.

Дебатата, ќе биде организирана од страна на изборните штабови, а дополнително ќе се оствари средба со медумите, за да се изнајде решение за начинот на кој ќе се реализира оваа идеја. Секоја партија ќе има можност да донесе своја публика, а сите медиуми ќе можат да вршат пренос во живо.

Актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат Пендаровски на 4 април со отворањето на изборниот штаб во центарот на Скопје ќе ја започне кампањата, а неговата Конвенција ќе се одржи на 2 април во салата „Борис Трајковски“.

Претседателот Пендаровски вечерва во Клубот на пратеници ќе организира ифтарска вечер на која се поканети неговите против кандидати и претставниците на ИВЗ. Од кабинетот информираа дека ваква вечера ќе организира и за Велигден.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, при што изрази жалење затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 не

Од штабот на Пендаровски претходно појаснија дека тој ги кани неговите шестмина противкандидати на две мастер дебати, кои би се одржале на почеток и на крајот од изборната кампања, која почнува на 4 април. 

Во текот на кампањата планирано е големо присуство на терен и освен поголемите митинзи во градовите, предвидени се многубројни средби со граѓани. За време на кампањата планирано е Пендаровски да посети најмалку 60 населени места. бк/ац/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан