• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Канбера реагира на изјавата на Нетанјаху за австралискиот премиер: Силата не се мери со насилство

Канбера реагира на изјавата на Нетанјаху за австралискиот премиер: Силата не се мери со насилство

Канбера, 20 август 2025 (МИА) – Австралија остро ги осуди изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го нарече австралискиот премиер Антони Албанезе „слаб политичар“, откако Канбера минатата недела објави дека ќе ја признае палестинската држава.

Австралискиот министер за внатрешни работи Тони Берк изјави дека силата не се мери со „колку луѓе можеш да разнесеш или колку деца можеш да оставиш гладни“. Во интервју за телевизијата Еј Би Си, Берк додаде дека изјавите на Нетанјаху се знак на гнев и дека Израел се изолира од меѓународната заедница, што не е во негов интерес.

Односите меѓу Австралија и Израел, традиционално блиски со децении, значително се влошија по одлуката на Канбера за признавање на палестинската држава. Нетанјаху вчера ја ескалираше реториката, пишувајќи на социјалната мрежа „Икс“ дека „историјата ќе го памети Албанезе како слаб политичар кој го предаде Израел и ги изостави австралиските Евреи“.

Завчера Австралија ја укина визата на крајнодесниот израелски политичар Симха Ротман, член на владејачката коалиција на Нетанјаху, со образложение дека неговото доаѓање би предизвикало „раздор“. Вчера Израел ги анулираше визите на австралиските претставници акредитирани во Палестинската автономна власт во Рамала. ссм/

фото: архива

Остани поврзан