Канадскиот премиер се вакцинира со Астра Зенека
- Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.
Отава, 23 април 2021 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.
Трудо се вакцинираше со Астра Зенека во една аптека во Отава.
- Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата.
Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со Ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година. гт/