• понеделник, 23 декември 2024

Канадска министерка бара Папата да се извини на домородното население во земјата

Канадска министерка бара Папата да се извини на домородното население во земјата
Торонто, 3 јуни 2021 (МИА) - Канадската министерка за домородни работи Каролин Бенет рече дека папата Франциск треба да издаде официјално извинување за улогата на Католичката црква во канадскиот интернатски училишен систем, неколку дена откако беа пронајдени остатоци од 205 деца во поранешното најголемо такво училиште.
Владата на премиерот Џастин Трудо исто така вети дека повторно ќе ги поддржи напорите за пронаоѓање на се уште необележани гробници во поранешните резиденцијални училишта за домородни ученици, институции каде што се држеле домородни деца и биле одземени од нивните семејства низ целата земја. Остатоците од телата на 215 деца, од кои некои имале три години, биле пронајдени на местото на некогашното училиште за домородни деца во канадската покраина Британска Колумбија. Децата биле ученици на индиското училиште Кемлупс во Британска Колумбија, кое работело од 1890 до 1969 година, кога канадската влада го презеде од Римокатоличката црква и го затвори во 1978 година. Децата биле присилно терани да го прифатат христијанството и не им било дозволено да зборуваат на нивните мајчини јазици. Многу деца биле тепани и малтретирани, а се верува дека починале околу 6.000 ученици. Канадската Влада официјално се извини во 2008 година и призна дека во овие училишта имало честа физичка и сексуална злоупотреба. паг/    

Остани поврзан