• среда, 25 декември 2024

Канадската полиција почна да апси камионџии кои протестираат во Отава

Канадската полиција почна да апси камионџии кои протестираат во Отава

Отава, 18 февруари 2022 (МИА) - Канадската полиција почна да апси камионџии кои трета недела по ред го блокираат сообраќајот во Отава во знак на протест против владините мерки за коронавирус.

Полицијата на Твитер објави дека дел од нив сами се предале и биле приведени пред зградата на Парламентот, а синоќа биле уапсени двајца водачи на протестите.

Отава е последното упориште на „Конвојот на слободата“, протест и блокада на камионџиите што започна поради задолжителната вакцинација на возачите на камиони кои влегуваат во земјата, а подоцна прерасна во протест против сите наметнати мерки поради Ковид-19, но и против премиерот Џастин Трудо.

Многумина најавија дека нема да се повлечат ниту по цена да им бидат приведени или одземени лиценците. паг/

Остани поврзан