• четврток, 26 декември 2024

Канадската полиција им постави ултиматум на демонстрантите да го напуштат главниот град

Канадската полиција им постави ултиматум на демонстрантите да го напуштат главниот град

Отава, 17 февруари 2022 (МИА) - Канадската полиција им постави ултиматум на демонстрантите кои три недели протестираа по улиците на Отава да го напуштат главниот град, додека провинциските и американските покраински лидери повикаа да се стави крај на барањето за вакцина за преминување граница, што го поттикна протестот предводен од камионџии.

Полицијата го засили присуството во центарот во Отава, а камионџиите стравуваат дека тоа е вовед во задушување на нивите протести.

Работници денеска почнаа да креваат ограда пред Парламентот во канадскиот главен град.

Според податоците од вторникот, објавени од властите во Отава, околу 360 возила се уште се вклучени во блокадата на центарот на градот, што е пад од 4.000 колку што имало.

„Крајно време е да се запрат овие незаконски и опасни активности“, рече премиерот Џастин Трудо пред Парламентот.

Тој изјави дека поради протестот на камионџиите „се загрозени канадската економија и односите со трговските партнери“, а нагласи дека тие се закана за јавната безбедност.

Многумина демонстранти во „конвојот на слободата“ со потсмев реагираа на овие предупредувања и порачаа дека нема да се откажат од своите цели. паг/

Остани поврзан