• петок, 22 ноември 2024

Канада воведува нови санкции кон Русија

Канада воведува нови санкции кон Русија
Лондон, 7 март 2022 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека неговата земја ќе воведе санкции против „десет соучесници“ на руската инвазија на Украина, меѓу кои се руски високи претставници и олигарси.
„Канада најавува нови санкции против десет соучесници во оваа неоправдана инвазија“, изјави Трудо во Лондон, на заедничката конференција со британскиот и холандски колега Борис Џонсoн и Марк Руте.
Новите санкции се кон луѓе од списокот, составен од рускиот опозиционер Алексеј Навални, а на него се „поранешни и актуелни високи функционери, олигарси и приврзаници“ на руските власти, изјави Трудо, без да ги објави точните имиња.
Канадските власти претходно забранија увоз на руска сирова нафта и воведоа санкции против десет претставници на двете руски енергетски компании „Роснефт“ и „Газпром“.аа/

Остани поврзан