• сабота, 23 ноември 2024

Камерон предупреди на опасност од ескалација на конфликтот во Газа

Камерон предупреди на опасност од ескалација на конфликтот во Газа

Лондон, 28 декември 2023 (МИА) – Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска се сретна со либанскиот премиер Наџиб Микати, а тема на разговор беше ситуацијата во Црвеното Море, како и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.

- Ескалацијата на конфликтите во Газа, Либан, Црвеното Море и поширокиот регион ќе придонесе за екстремно високо ниво на опасност и несигурност во светот, напиша Камерон на X, додавајќи дека Либан е подготвен да спречи понатамошни тензии.

Објавата на Камерон се однесува на заканата дека војната во Појасот Газа ќе се прошири надвор од границите на палестинските територии и Израел и во услови на интензивирање на конфликтот долж либанско-израелската граница меѓу борците на Хезболах и израелските сили, пренесува Гардијан.

Хезболах, како и јеменските Хути, кои вршат напади врз трговски бродови во Црвеното Море како одговор на убиствата на цивили во Газа и ја нарушуваат меѓународната трговија, наводно е поддржан од Техеран. јт/

Фото: Х

Остани поврзан