• петок, 22 ноември 2024

Камерон: Ова е исклучително опасен момент за Украина

Камерон: Ова е исклучително опасен момент за Украина

Лондон, 12 мај 2024 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон утрово одговарајќи на новинарско прашање во интервју дадено за Скај Њуз за ненадејната руска офанзива во регионот Харков, истакна дека „ова е исклучително опасен момент за Украина“.

-Ова само нагласува дека ова е неоправдана, илегална инвазија на Путин на независна, суверена земја, рече Камерон.

Тој нагласи дека „мораме да направиме се што можеме за да им помогнеме на Украинците“.

-Затоа е толку важно што ставивме на располагање пакет од три милијарди фунти годишно помош и рековме дека ќе продолжи од година во година. Ги охрабруваме другите да го сторат истото. Сакам да ги охрабрам Американците да излезат со својот пакет, тажно е што долго се чекаше, но тоа ќе направи разлика, рече Камерон.

Камерон истакна дека и другите земјите треба да го прават тоа што го прави Велика Британија во однос на оружјето со долг дострел, во однос на обуката и поддршката...

-Во принцип, ние мора да постигнеме нашата сила да има ефект на бојното поле, заклучи тој. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан