• среда, 25 декември 2024

Калафатис за копнениот туризам: Ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи

Калафатис за копнениот туризам: Ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи
Атина, 7 мај 2021 (МИА) – Ќе ја пренесам желбата на сите, да се даде приоритет на отворањето на граничниот премин Евзони, како и да се разгледа можноста за влез и со селф тест, рече, меѓу другото заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за регионот Македонија и Тракија Ставрос Калафатис на состанокот за отворањето на копнениот туризам со префектите и здруженијата на хотелиери од северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Калафатис истакна дека „ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи“, а Владата континуирано работи на изнаоѓање решение за контролата на документите на странските државјани што ќе влезат на грчка територија. -Целта на Владата е, со отворањето на туризмот, контролите на граничните премини на земјата да бидат континуирани, доследни и темелни. Равенката има многу непознати „икс“, а Владата се обидува да го најде најсоодветното решение. Ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи. Нашата цел е безбедно да се вратат во нивните земји, истакна Калафатис, за време на видеоконференциската средба. ср/ссм/  

Остани поврзан