• четврток, 02 мај 2024

Казни за 85 возачи на територија на Свети Николе и Пробиштип

Казни за 85 возачи на територија на Свети Николе и Пробиштип

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 17 часот во сообраќајна контрола на територија на Свети Николе и Пробиштип казнети се 85 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од вкупниот број санкции, 12 се за возење без возачка дозвола, 11 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, едно патничко возило е одземено поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... На сите прекршители, се додава во соопштението, изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/бак/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан