• петок, 22 ноември 2024

Казни за 77 возачи на територија на СВР Тетово

Казни за 77 возачи на територија на СВР Тетово

Скопје, 15 јануари 2023 (МИА) – Во акциска контрола спроведена денеска, од 11.00 до 16.00 часот, на територија на СВР Тетово санкционирани се 77 возачи, од кои 33 за возење повеќе од дозволената брзина надвор од населено место.

Како што соопшти МВР,  17 возачи се казнети за возење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири за возење со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан