• петок, 22 ноември 2024

Казни за 19 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола

Казни за 19 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола

Скопје, 3 март 2024 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Од МВР денеска соопштија дека при контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 9 во Битола, 4 во Прилеп и по два во Ресен, Македонски Брод и Крушево. При контролата биле откриени 12 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/

Фото: МВР

Остани поврзан