• недела, 22 декември 2024

Казнети 210 возачи за брзо возење

Казнети 210 возачи за брзо возење

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 210 возачи.

Како што соопшти денеска МВР, од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа 89 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

МВР укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан