Казнети 20 возачи кои возеле под дејство на алкохол на територија на СВР Битола
- При контролата санкционирани се 20 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 23 други видови прекршоци, информираа денеска од МВР.

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер (17/18.06.2023) во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
-При контролата санкционирани се 20 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 23 други видови прекршоци, информираа денеска од МВР.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. дма/
Фото:МИА архива