• сабота, 21 декември 2024

Казахстан на референдум се изјаснува дали да ја гради првата нуклеарна централа

Казахстан на референдум се изјаснува дали да ја гради првата нуклеарна централа

Астана, 6 октомври 2024 (МИА) - Казахстан денеска на референдум се изјаснува дали да ја гради својата прва нуклеарна централа, идеја предложена од владата на претседателот Касам-Жомарт Токаев, додека оваа централноазиска земја се обидува да се оддалечи од загадувачките електрани на јаглен, јавуваат британските медиуми.

Меѓутоа, владината идеја наиде на јавна критика поради придружните ризици, спомнувањето на советските нуклеарни тестови и загриженоста дека Русија може да биде вклучена во проектот.

„Дојдов до заклучок дека одлуката за изградба на нуклеарна централа со помош на (руската државна корпорација) Росатом е веќе донесена (од Токаев), а жителите на Казахстан се поканети на гласање за да ја „запечатат“ одлуката со нивните гласови“, напиша популарниот блогер Вадим Борејко.

И покрај значителните резерви на природен гас, централноазиската држава со 20 милиони жители за своите енергетски потреби најмногу се потпира на електраните на јаглен, дополнително со неколку хидроцентрали и растечкиот сектор за обновлива енергија.

Казахстан веќе увезува електрична енергија, најмногу од Русија, бидејќи сопствениот капацитет за електрична енергија не може да ја задоволи домашната побарувачка. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан