• понеделник, 23 декември 2024

Каевски: Над 80 проценти од кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се истите што спроведуваа активна блокада на Собранието

Каевски: Над 80 проценти од кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се истите што спроведуваа активна блокада на Собранието

Скопје, 30 март 2024

Листата на ДПМНЕ е листа за блокада, за откажување и враќање назад во изолација.

Тие што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ.

Над 80% се истите пратеници.

Граѓаните беа сведоци на блокадите, одолговлекувањата, бесмислени реплики, штанцањето илјадници амандмани во македонското Собрание.

Не се закажуваа седници и не ставаа на дневен ред клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.

Се лупаше и се тропаше во Собранието за да попречи европскиот пат на земјата.

Во време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите.

Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ.

Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Во ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Се потврди.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ.

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан