• понеделник, 23 декември 2024

Каевски: Мицкоски добил над 50.000 евра народни пари за помалку од две години

Каевски: Мицкоски добил над 50.000 евра народни пари за помалку од две години
Скопје, 18 ноември 2022  Почитувани граѓани, почитувани новинари, ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити кои со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија. Еве кои се вистинските паразити од ВМРО-ДПМНЕ, прв и главен меѓу нив е кој ако не нивниот шеф Христијан Мицкоски. Мицкоски како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра. Но тоа не е прв случај каде Мицкоски се богател од парите на граѓаните. Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 20.00 евра пари од граѓаните. Тоа е потврдено и со официјални документи. И сето ова се случуваше во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет. Еве почитувани, кои се вистинските паразити. Дали од овие народни пари, Мицкоски си изгради хидроцентрала и основаше компании? Во наредните денови јавноста ќе дознае и за други лица, блиски соработници на Мицкоски кои паразитски се богателе на сметка на граѓаните. Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан