• четврток, 26 март 2026

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија - домаќин на ЕП Б дивизија

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија - домаќин на ЕП Б дивизија

Скопје, 6.август 2025 (МИА) - Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија во следните десетина дена ќе ја има улогата на домаќин на Европското првенство Б дивизја. Ова е шампионат за играчи на возраст до 16 години. Селекторот на репрезентацијата е Нермин Пепиќ, кој истакна неколку битни моменти пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“.  

-  Генерално сум задоволен од подготовките. Најбитно е дека екипата е комплетна, немаме повредени играчи и сите се подготвени да го дадат својот максимум. Играме на домашен терен и пред нашата публика и сметам дека играчите ќе бидат максимално мотивирани. На сите нас треба да ни е јасно дека е гордост да се бранат боите на Македонија и дека репрезентацијата е над сите. Само така, заедно сплотени можеме да обезбедиме што е можно подобар пласман,  изјави селекторот Пепиќ. 

Македонија првенството ќе го почне против Кипар на 7. август (четврток). Во петок противник е селекцијата на Ирска, а во сабота ривал ни е репрезентацијата на Полска. Недела е слободен ден, а на 11.август во понеделник Македонија игра против Босна И Херцеговина, додека во последниот натпревар од групата во вторник ривал ни е Словачка.  

Сите натпревари Македонија ги игра со почеток во 18:30 часот, а сите натпревари од четирите групи ќе се играат во двете сали во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.    мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

 

Остани поврзан