• понеделник, 23 декември 2024

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите за следниот циклус УЕФА натпреварувања

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите за следниот циклус УЕФА натпреварувања
Нион, 31 мај 2022 (МИА) – Македонските женски фудбалски репрезентации до 17 и до 19 години денеска со жрепка во Нион ги дознаа противниците во квалификациите за натпреварувањата во организација на УЕФА за сезоната 2022/23. Репрезентацијата до 19 години е во групата 6 заедно со Белорусија и Грузија. Натпреварите ќе се одиграат во периодот од 4 до 10 октомври, а домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде Грузија. Фудбалерките до 17 години се во групата 2 каде противници ќе им бидат Албанија, Косово и Молдавија, а натпреварите ќе се одиграат од 17 до октомври на мини турнир во Албанија. Двете македонски младински женски селекции следната сезона ќе настапуваат во Лига Б и преку успешни настапи ќе се надеваат на промоција во Лига А. ег/цр

Остани поврзан