Кавадарчанка пријавила во полиција физички напад од сопругот
- Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Кавадарци, 24 јуни 2025 (МИА) - Кавадарчанка пријавила дека физички била нападната од сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 12.30 часот во ОВР Кавадарци, 36-годишна кавадарчанка пријавила дека на 19.06.2025 во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Р.К.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.
Оттаму споделија дека рано утрово, пак, во 01.05 часот во ОВР Кавадарци, 29 - годишната И.Т. од овој град, пријавила дека на улица „Словенска“ во Кавадарци, нејзините две малолетни деца биле физички нападнати од друг малолетник. Се преземале мерки за расчистување на настанот. свд/ра
Фото: МИА архива