• петок, 05 декември 2025

Кавадарчанец приведен поради недолично однесување со 2.31 промили алкохол во крвта

Кавадарчанец приведен поради недолично однесување со 2.31 промили алкохол во крвта

Кавадарци, 23 октомври 2025 (МИА) - Кавадарчанец бил приведен рано изутрина поради недолично однесување со 2.31 промили алкохол во крвта, информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Денеска во 3:10 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го привеле Ѓ.И., 39-годишен кавадарчанец, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување. При преземање мерки, кај него биле измерени 2.31 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР - Велес. свд/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан