• сабота, 17 јануари 2026

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото

Кавадарци, 27 декември 2025 (МИА) - Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, a пожарникари вчера го извлекле телото. Пожарникарите за да го извлечат телото се движеле по тесни и лизгави карпи. 

- До нас беше пристигнато барање за извлекување на безживотно тело на наш сограѓанин кој доживеал несреќа при лов, паднал од карпа висока 150 метри. Веднаш одговоривме на барањето и интервениравме со петмина пожарникари и опрема за работа на височина (алпинистичка опрема). Со придружба од четворица припадници на МВР Кавадарци и двајца членови на фамилијата се упативме кон длабокиот и непристапен стрмен терен. Поради тоа што телото на нашиот сограѓанин се наоѓаше на непростапен и непрооден терен,  моравме да користиме опрема за алпинизам, да се врзиме и обезбедиме меѓу себе, да не дојде до дополнителни незгоди, информираат од ТППЕ Кавадарци. 

Додаваат дека по целодневен напор по екстремно тешкиот терен телото успешно било извлечено од длабоката бездна и било предадено на органите за безбедност. свд/бак/


Фото: Фејсбук на ТППЕ Кавадарци 

Остани поврзан