Кавадарци во меѓународен проект за биодиверзитет
- „Биодиверзитетот е нашата иднина'' е насловен меѓународниот проект во кој учествува и Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 7 октомври 2024 (МИА) - „Биодиверзитетот е нашата иднина'' е насловен меѓународниот проект во кој учествува и Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Го спроведуваат училишта од Португалија, Канарските острови (Шпанија), Француска Гвинеа и Естонија, заедно со Советот за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД од Кавадарци. Има за цел креирање на иновативно практични наставни материјали, лесно приспособливи за формално и неформално учење, како и да ја воведе и зајакне европската димензија и идните перспективи за соработка помеѓу партнерите, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму појаснија дека во наредните пет дена, 16 директори и професори ќе работат на идентификување на најдобрите практики, на создавање курсеви за применета екологија на отворено, што ќе можат да ги користат наставниците и другите образовни групи, како и на запознавање со различните биодиверзитети и култури на секоја од земјите партнери, преку активности на отворено и посети на различни локации. свд/дма/
Фото : Општина Кавадарци