• понеделник, 02 февруари 2026

Кавадарци бара проектни идеи за развој на локалната заедница

Кавадарци бара проектни идеи за развој на локалната заедница

Кавадарци, 2 февруари 2026 (МИА) - Општина Кавадарци бара проектни идеи за развој на локалната заедница, информираа денеска од локалната самоуправа.

- Општина Кавадарци, во партнерство со УНДП, објавува јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), која е финансирана од Европската Унија. Се повикуваат сите граѓански организации да аплицираат со свои проектни идеи и да придонесат кон развојот на локалната заедница - појаснија од Општината.

Како што нагласија, приоритетни области за проекти се заштита на животна средина, здравство и социјална заштита, локален економски развој, како и родова еднаквост.

Рокот за пријавување е до 2 март.

- Инфо-сесијата и првиот ден од дводневната обука ќе се одржат на 4 февруари со почеток во 10 часот во големата сала во Општина Кавадарци. Вториот ден од обуката ќе се одржи на 5 февруари. Првата менторска средба е закажана за 12 февруари, а во текот на обуката ќе бидат договорени термините за преостанатите три менторски средби што ќе бидат објавени на општинската веб-страница - додадоа од локалната самоуправа.

Детаљните информации и потребната документација се достапни на веб-страницата на Општина Кавадарци. свд/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан