• понеделник, 20 мај 2024

Кавадаречкиот планинар Благој Лазов - Бенџо доби плакета за посебни достигнувања во развојот на планинарството

Кавадаречкиот планинар Благој Лазов - Бенџо доби плакета за посебни достигнувања во развојот на планинарството

Кавадарци, 28 октомври 2023 (МИА) - Кавадаречкиот планинар Благој Лазов - Бенџо денеска доби плакета за посебни достигнувања во развојот на планинарството, од македонската планинарска федерација, информираа вечерва од неговиот матичен планинарски клуб, „Орле“ од Кавадарци. Плакетата ја добил по повод 75 години постоење на Федерацијата (ФПСМ). 

- Лазов е наш долгогодишен член. Роден е на 29 септември 1954 година. Од 1965 година е член на планинарскиот спортски клуб „Орле“. Учествувал на припремите за првата Македонска експедиција на Еверест. Водич во планина, спелеолошки инструктор, спасител во летни и зимни услови, началник на спасителна служба, освоени многу пехари во ориентација. Учествувал на сите акции на клубот без прекин од кога е почнат со планинарење. Се уште е активен планинар, рекоа од „Орле“ за МИА. 

Оттаму нагласија дека Лазов е исто така, како и останатите негови колеги планинари, добар пример за младите луѓе, кои имаат од кого да учат, за значењето на планинарството, за здравиот начин на живот. свд/аа/

Фото: „Орле“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан