И во Холандија се појави таинствен монолит
- Таинствен метален монолит се појави во северниот дел на Холандија. Тој е сличен на монолитите што неодамна се појавија во САД, Романија и Велика Британија

Хаг, 8 декември 2020 (МИА) - Таинствен метален монолит се појави во северниот дел на Холандија. Тој е сличен на монолитите што неодамна се појавија во САД, Романија и Велика Британија.
Монолитот бил откриен во неделата на приватен имот.
- Најверојатно е поставен за време на викендот, но не знаеме како пристигнал овде, соопштија шумските власти.
Монолитот во Холандија е со сребрена боја, а подножјето е прекриено со мраз. ми/