• четврток, 16 мај 2024

И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да се работи на измените на Изборниот законик, најави Тупанчески

И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да се работи на измените на Изборниот законик, најави Тупанчески
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик и дека е оптимист во однос на нивното донесување. - Не секогаш се лесни начините со коишто се стигнува до соодветно решение, меѓутоа ќе направиме се и натаму она што го ветивме пред граѓаните, она што го ветивме пред себе си да добие и своја реализација. Така што не се откажуваме, и натаму продолжуваме со активностите коишто се поврзани со донесување на нов Изборен законик, рече Тупанчески на денешниот Регионален форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан". Тој истакна дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик. - Пративме уште еден допис до нив. Доколку не се произнесат, ние и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на Изборниот законик. Секогаш е отворена поканата да се придружат да дадат свој предлог, своја номинација итн. Идејата е да постапиме по препораките на ОДИХР/ОБЕСЕ, меѓутоа и во однос на дефектите коишто беа констатирани при последните избори, рече Тупанчески, кој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до опозицијата за да и се приклучи на Комисијата.фф/дма/

Остани поврзан