• петок, 15 ноември 2024

ИТЦ: Светската економија со загуба од 126 милијарди долари

ИТЦ: Светската економија со загуба од 126 милијарди долари
Пекинг, 29 јуни 2020 (МИА) - Светската економија е во загуба од најмалку 126 милијарди долари поради коронавирусот, покажува најновото истражување на Меѓународниот трговски центар (ИТЦ).
Според извештајот на ИТЦ, кинескиот извоз во февруари годинава од претходната година во однос на истиот период лани падна за 21 отсто.
- Целосните ефекти од кризата сè уште не се видливи, бидејќи повеќето земји започнаа со затворање на границите кон крајот на март и април, наведува ИТЦ во извештајот. Блокадите во Кина, Европската унија и САД имаат најголемо влијание врз меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што се наведува во истражувањето, се главни играчи во глобалните синџири за снабдување и затоа се важни увозници на суровини, делови и компоненти.
Како резултат на тоа, африканските извозници ќе изгубат повеќе од 2,4 милијарди американски долари во глобалниот извоз, а повеќе од 70 проценти од тие загуби се поврзани со привремени нарушувања на синџирот на снабдување со ЕУ. Според податоците на ИТЦ, трите главни трговски центри - Кина, САД и ЕУ, учествуваат со 63 отсто од увозот на светски снабдувачки синџири и 64 отсто од извозот. Затоа ИТЦ наведува дека глобалната економија изгубила најмалку 126 милијарди долари поради пандемијата. Во извештајот се наведува и дека пандемијата сериозно погодила над 55 отсто од сите мали и средни претпријатија. паг/  

Остани поврзан