• понеделник, 23 декември 2024

Итна седница на СЗО поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја

Итна седница на СЗО поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја

Женева, 14 февруари 2023 (МИА) - Светска здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итна седница поради појавата на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја од што починаа девет луѓе, а пријавени се 16 сомнителни случаи.

Вирусот Марбург е многу заразна и смртоносна болест слична на ебола, со симптоми на треска, замор, како и повраќање и крвава дијареја. Вирусната болест Марбург може да има стапка на смртност до 88 отсто. За болеста нема вакцина и одобрени антивирусни третмани.

Во Екваторијална Гвинеја повеќе од 200 луѓе се во карантин и ограничено е движењето во провинцијата Ки-Нтем по откривањето на вирусот Марбург. И соседната земја, Камерун, исто така, го ограничи движењето долж својата граница поради загриженоста за ширењето на заразата.

За денеска е предвидена и средба на претставници на СЗО и на конзорциумот Марвак, на кој ќе се промовира меѓународната соработка за развој на вакцини против вирусот Марбург. ми/

Остани поврзан