Италија се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во одбојка
- Италијанската репрезентација денес во Пасај ја победи Аргентина во осминафиналето на Светското првенство во одбојка со 3:0 (25:23, 25:20 и 25:22).
Пасај, 21 септември 2025 (МИА) - Италијанската репрезентација денес во Пасај ја победи Аргентина во осминафиналето на Светското првенство во одбојка со 3:0 (25:23, 25:20 и 25:22).
Во четвртфиналето, италијанската репрезентација ќе игра против победникот од натпреварот Белгија-Финска.
Првата формирана двојка за четвртфиналната фаза на одбојкарскиот Мундијал во Филипини ја сочинуваат Полска и Турција. зс/
Фото: ЕПА