• петок, 22 ноември 2024

Италија: Повеќе од 110 лица под истрага поради претепување на затвореници

Италија: Повеќе од 110 лица под истрага поради претепување на затвореници
Рим, 1 јули 2021 (МИА) - Видео-снимката на која се гледа како затворски чувари ги претепуваат осудениците по минатогодишните протести ја шокираше италијанската јавност. Италијанскиот дневен весник Домани вчера објави снимка од видеонадзорот во затворот Санта Мариа Капуа Ветера, северно од Неапол, на кој се гледа претепување на осудениците на 6 април 2020 година. Италијанското Државно обвинителство минатата година покрена истрага откако беа поднесени тужби попради насилството на затворските чувари. Затворениците протестираа откако беше откриен позитивен слулчај на Ковид-19 во затворот. Изминатите денови 52 вработени во затворот се приведени или се известени дека против нив е покрената судска постапка под сомнени за мачење, насилство и злоупотреба на овластувањата. Со истрагата опфатени се повеќе од 110 лица. Италијанската министерка за правда Марта Картабиа изјави дека „е повредено достоинството на затворениците“. ми/ https://www.youtube.com/watch?v=uflnqQD37y0

Остани поврзан