• вторник, 03 септември 2024

Италија е земјата во Европа во која живеат најатрактивните мажи

Италија е земјата во Европа во која живеат најатрактивните мажи

Милано, 3 септември 2024 (МИА) - Во која земја во светот живеат најатрактивните мажи? Картата на Европа објавена на Икс графички го прикажува мислењето на жителите на различни земји и каде според нив живеат најубавите мажи.

Со оглед на тоа што земјите се поделени по боја, може да се забележи дека доминантна боја на картата е жолтата, што ја означува Италија, а мажите од оваа земја важат за најатрактивните во поголемиот дел од Европа.

 

Италијанците се најатрактивни за Шпанците, Французите, Британците, жителите на скандинавските земји, а исто така и за луѓето од околните земји - Србија, Хрватска и Црна Гора, вклучително и Босна и Херцеговина.

Интересно е што Италијанците ги сметаат Швеѓаните за најпривлечни, а меѓу најатрактивните на картата беа Грците, Бразилците и Шпанците.

Како што е наведено на веб-страницата „Worldpopulationreview“, победата на Италијанците како најатрактивни не изненадува бидејќи, како што објаснија, „Италија како модна престолнина значи дека мажите и жените се грижат за себе и за својот изглед“.

Покрај тоа, интересно е и тоа што според минатогодишното истражување, Италија била рангирана дури на осмото место на најатрактивните нации во светот, додека Индијците се на прво место. 

На второ место се САД, а на трето Шведска.

Рангирањето е направено со анализа на илјадници објави на Reddit за атрактивни нации. Анализирани се сите објави на Редит во кои се споменуваат различни епитети како „атрактивен“, „убав“, „згоден“. Резултатот потоа бил составен со помош на бројот на објави, коментари и гласови. паг/

Остани поврзан