• понеделник, 23 декември 2024

Италијански тениски судија суспендиран седум и пол години

Италијански тениски судија суспендиран седум и пол години

 

Лондон, 16 април 2024 година (МИА) – Италијанскиот тениски судија Антонио Каса е суспендиран на седум и пол години откако призна вина за корупција и прекршувања на правилата за обложување, соопшти Меѓународната агенција за тениски интегритет (ИТИА).

Во соопштението на ИТИА се прецизира дека Каса целосно соработувал со истрагата, и дека е му е изречена и парична казна во износ од осум илјади долари.

Суспензијата на Каса истекува на полноќ на 27 септември 2031 година.

За времетраењето на суспензијата му е забрането да суди или да присуствува на кој било тениски настан одобрен од официјалните тениски организации. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан