Италијано останува на клупата на Болоња
- Калчолигашот Болоња го продолжи денеска договорот со тренерот Винченцо Италијано до 30 јуни 2027 година.
Болоња, 29 мај 2025 (МИА) – Калчолигашот Болоња го продолжи денеска договорот со тренерот Винченцо Италијано до 30 јуни 2027 година.
„Многу сме среќни што го продолживме договорот со Винченцо Италијано. Како што рековме претходно, тоа отсекогаш беше наша намера и заедно сме подготвени за предизвиците што нè очекуваат следната сезона“, изјави извршниот директор на Болоња, Клаудио Фенучи.
Болоња под водство на Италијано претходно овој месец го освои Купот на Италија, совладувајќи го во финалето Милан со 1:0. Тоа беше првиот голем трофеј на Болоња по 51 година и вкупно трета Куп титула во клупската историја.
„Среќен сум што го продолжувам ова патување, нè чекаат многу возбудливи натпревари, како и цели што сакаме да ги постигнеме заедно“, рече 47-годишниот стратег на Болоња.
Болоња ја заврши сезоната во Серија А на деветтото место на табелата, но се квалификуваше за Лигата на Европа со освојување на националниот Куп
Италијано претходно три сезони беше тренер на Фиорентина, со која двапати беше финалист во Лигата на конференции и финалист во Купот на Италија. ег
ФОТО: ЕПА