• среда, 17 јули 2024

Исчистени патеките, летниковците и пристапните патеки кај велешко езеро „Младост“

Исчистени патеките, летниковците и пристапните патеки кај велешко езеро „Младост“
Велес,18 јули 2022 (МИА) - Екипите на  ЈКП „Дервен“ изминатиот викенд ги исчистија патеките, летниковците и пристапните патеки кај велешко езеро  „Младост“, информираа денеска од ЈКП „Дервен“. Тие апелираат до посетителите да го фрлаат сметот во корпите или во поставените контејнери, бидејќи расфрланиот смет остава грда слика и ја загадува животната средина. Воедно апелираат да не ја уништуваат урбаната опрема и летниковците. Инаку езерото „Младост“ и изминатиот топол јулски викенд беше преполно од посетители од Велес, Скопје, Куманово, Штип, Прилеп и други градови, а имаше и странски туристи на пропатување низ земјава. ад/цр

Остани поврзан