• петок, 17 мај 2024

Исчистени две диви депонии во Општина Илинден

Исчистени две диви депонии во Општина Илинден
Скопје, 16 февруари 2022 (МИА) - Во Општина Илинден исчистени се две диви депонии лоцирани во населеното место Миладиновци, на потегот од Миладиновци кон Текија, како и покрај железничката пруга во Миладиновци. -Во рамки на акцијата за чистење на диви депонии која беше спроведена во соработка со екипите од ЈКП „Илинден“ и инспекциската служба од општина Илинден собрани се околу 70 кубни метри мешан комунален отпад, градежен шут и слично, информираат од Општина Илинден. Во наредниот период, најавуваат дека ќе продолжат со акции за чистење на диви депонии, со што, како што велат, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и подобрување на животната средина. Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина. вј/лв/

Остани поврзан