Исчистена дива депонија од две илјади квадратни метри во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет
- На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација денеска успешно
Скопје, 23 јануари 2022 (МИА) - На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација денеска успешно исчистија дива депонија по должината на кејот.
Како што посочи Град Скопје, станува збор за исчистена површина од две илјади квадратни метри, а биле собрани 250 кубни метри смет, кабаст и градежен шут.
Градоначалничката Арсовска извршила надзор над работата, а биле истакнати и останати локации каде што е потребно интервенција на службите на градот и јавните претпријатија.
- Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат дивите депонии, се со цел нивно отстранување за превенирање на можностите на загадување на воздухот, почвата и водата, со што директно се влијае на отстранување на еден од причинителите кој придонесува за нарушување на здравјето на скопјани, се вели во соопштението. мс/бк/