• сабота, 23 ноември 2024

Исчезнатата Енкеледа Чела е Македонка од Голо Брдо

Исчезнатата Енкеледа Чела е Македонка од Голо Брдо

Дебар, 31 март 2024 (МИА) - Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која е пријавена за исчезната, е Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо, потврдија за МИА роднини на девојката.

- Енкеледа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива, изјавија за МИА нејзини блиски роднини.

Додаваат дека загриженоста е голема кај сите жители во селото и областа, кај најблиските роднини и нејзиот брат и трите сестри,  но се надеваат дека се ќе има среќен крај. Потврдија дека родителите на девојчето се веќе во Скопје.

Од МВР за МИА порано денеска потврдија дека 20- годишна девојка по потекло од Албанија, синоќа е пријавена за исчезната, откако се одалечила од домот во Скопје каде престојувала, 

-На 30.03.2024 во 10.30 часот во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, наведуваат од МВР.

Енкеледа Чела од Албанија која во Скопје студирала на Економскиот факултет, била пријавена за исчезната од нејзините пријатели, откако во петокот вечерта и се губи секаква трага. 

Објавен е апел за помош за нејзино пронаоѓање на фејсбук од нејзина пријателска, која наведува дека девојката последен пат била забележана на бензиска пумпа во скопската населба Илинден. Била облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец. вт/вг/

Фото: Енкеледа Чела ФБ

 

Остани поврзан