• четврток, 14 ноември 2024

Исцртан графит пред  Младински центар Кавадарци со порака ,,Сите сме еднакви"

Исцртан графит пред  Младински центар Кавадарци со порака ,,Сите сме еднакви
Кавадарци, 24 ноември 2022 (МИА) - Исцртан е графит пред влезот во зградата на Младински центар Кавадарци со порака „Сите сме еднакви", информираа попладнево од Центарот. - Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Советот за превентива против малолетничка деликвенција-СППМД Кавадарци и колешката Ивана Недева и Ѓоке Нанчев, заеднички го реализиравме вториот дел од проектот на неформалната мрежа „Не суди со предрасдуди” и проект „Говори љубов, не говори омраза!”, појаснија од Младински центар за МИА. Оттаму потсетија дека на цртањето графит му претходеше предавање за  учениците од трите средни училишта во Кавадарци, СОУ Гимназија „Добри Даскалов”, СОУ „Ќиро Спанџов Брко” и СОЗШУ „Ѓорче Петров”. Инаку, графитот го исцртаа графит артистите Дејвид Стоилковски и Младен Трендовски. - Сите сме еднакви,  независно од нашиот пол или род. Сите сме еднакви, независно од нашата ментална или телесна попреченост. Не суди со предрасуди, порачаа од Младински центар Кавадарци. свд/цр

Остани поврзан