Истражување: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка
- Според испитувањата, користењето хормонална контрацепција носи 20 - 30 отсто поголем ризик за развој на рак на дојка, во споредба со некористењето.
Лос Анџелес, 28 март 2023 (МИА) - Хормоналните апчиња против бременост ја зголемуваат опасноста од развој на рак на дојка. Меѓу нив се и сè попопуларните пилули што одржат само прогестин, посочува ново истражување.
Според испитувањата, користењето хормонална контрацепција носи 20 - 30 отсто поголем ризик за развој на рак на дојка, во споредба со некористењето. Написот во списанието „ПЛОС Медисин“ (PLOS Medicine), покажува дека можноста од развој на рак на дојка кај жените во случај на земање хормонални контрацептиви со естроген и прогестин, и кога содржат само прогестин, е приближно иста.
Опасноста е скоро иста, без оглед на начинот на употреба - орална пилула, спирала, имплант или инјекција. И, без разлика дали се работи за комбинирана пилула или само прогестин.
Имајќи предвид дека веројатноста за рак на дојка се зголемува со возраста, авторите на истражувањето го пресметале и апсолутниот ризик поврзан со земање контрацептиви. Така, кај 100.000 девојки на возраст меѓу 16 и 20 години, има осум случаи на рак на дојка, во случај кога тие користат контрацепција во распон од пет години. Меѓу жените на возраст меѓу 35 и 39 години, бројката е 265 случаи на 100.000 испитанички, пропорционално. си/сд/
Фото: Пиксабеј.